Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град, апелираме да се стави крај на политичкиот терор

Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, вели Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска.

„Како за почеток, апелираме премиерот Мицковски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицковски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да преземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата.

Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на Градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови.

Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“, завршуваат од Град Скопје.

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Македонија

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Read more

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат

Read more

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе