Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на проектот – брз автобуски превоз

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, поточно „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“, соопштија денеска градските власти.

Фото: Град Скопје

-Откако Собранието го усвои законот за задолжување, конечно се отвори патот Скопје да добие современ и добро организиран јавен превоз и да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, соопштија денеска од Град Скопје.

Како што информираат, во наредниот период треба да се потпише договорот меѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да почнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз.

-Екипи на Градот и ЈСП „Скопје“ и досега работеа на подготовка на техничката документација, а со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката. Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра со рок на отплата од 15 години, посочуваат во соопштението.

Проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје опфаќа две линии со коридори резервирани за брз автобуски превоз – Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 км и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 км со 20 автобуски станици.

Двете линии се преклопуваат во Центар. БРТ овозможува намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот.

Од Градот посочуваат дека со имплементацијата на првата фаза, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче со должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска постојка и 2 терминали, времето на патување од сегашните 70 минути ќе се намали за повеќе од 50 отсто, односно времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

-Посебната траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува движење без застој низ средишниот дел градските улици и булевари. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила. Исто така, имплементацијата на брзиот автобуски превоз значително ќе го подобри севкупниот јавен превоз во Скопје бидејќи ќе овозможи поголема покриеност низ градот преку пренасочување на сегашните автобуси на други автобуски линии, појаснуваат од Град Скопје.

Според градските власти, зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

-Значајно е да се нагласи дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект и се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, што претаставува верификација на еколошките политики коишто ги креира Градот и што после 40 години конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе