Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје, денеска, до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите во согласност со објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.

„Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

Во областа сообраќај Град Скопје поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ-автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита Град Скопје аплицира за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила“, информираат од Град Скопје.

„Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура аплицира со проекти за реконструкција на улицата 'Беласица', изградба на булеварот 'Македонско-косовска бригада', од раскрсницата со булеварот 'Никола Карев' до раскрсницата со булеварот 'Босна и Херцеговина', кружен тек на улицата 'Ѓорче Петров' со булеварот 'Македонска војска', изградба на кружен тек на булеварот 'Александар Македонски', изградба на кружни текови на булеварот '12-та Македонска бригада', реконструкција на булеварот 'Србија' и проект за надградба на постојната градежна механизација.

Од областа на комуналните дејности Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија ‘Комунална хигиена’ и ‘Паркови и зеленило’, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицира со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување трим-тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.

Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии Град Скопје поднесе проект за LoRaWAN-инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електричната енергија на град Скопје.

Во период кога Град Скопје се соочува со голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги и ефикасни решенија за граѓаните, се надеваме на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на нашето Скопје“, соопштуваат од Град Скопје.

Тагови
реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more

Македонија

Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Read more

Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Read more
 

Вести

Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ

Читај повеќе

Пожарникари извлекле жена од срушена куќа во Велес

Читај повеќе

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Еден е повреден во пукање синоќа во Чаир

Читај повеќе

Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Трајковски најави казни: Маркетите се обидуваат да го заобиколат законот и да остварат профит

Читај повеќе

Премиера на комедијата Жени во црвено во Македонија

Читај повеќе