Град Скопје покрена постапка до антикорупциска за Коце Трајановски

Скопје, 3 април 2021 (МИА) – Град Скопје поведе постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.

-Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува. Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски, велат за МИА од Град Скопје. 

Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган. 

-Кога ќе увидиме некоја потенцијална криминална активност, тогаш пријавуваме. Ќе продолжиме да бараме дали и други ресурси на Градот се користени во изборни цели на политички партии и ако е тоа така, веднаш ќе пријавиме, информираат за МИА од Град Скопје.

МИА за ова побара став и од поранешниот градоначалник на главниот град, Коце Трајановски, кој смета дека се работи за негова политичка дискредитација. 

-Ниту јас, ниту Град Скопје, односно институцијата со која раководев до октомври 2017 година не го нарачала, ниту изработила тој спот и се што сум работел до крајот на мандатот било согласно законските прописи. Затоа за бараните информации треба да се обратите кај тој што го изработувал тој видеозапис. Очигледна е намерата на актуелната градска власт за моја политичка дискредитација во недостиг на исполнување на ветувањата за кои беа донесени на власт, стои во писмената изјава на Трајановски. 

Во барањето за поведување постапка се наведува дека на 13 април 2017 година Град Скопје, во својство на договорен орган, склучил Договор со „Енигма Солушн ДООЕЛ“ како носител на набавка за видео снимање на секојдневна и месечна основа и видео-фото документација за потребите на Град Скопје.

Вредноста на договорот, информираат за МИА од Град Скопје, изнесувала два милиони и сто триесет и шест илјади денари без пресметан ДДВ, со вкалкулиран попуст од 11 отсто од електронска аукција. Вкупната вредност на договорот изнесувала два милиони  петстотини дваесет илјади и четиристотини осумдесет денари, со пресметан ДДВ. Носителот на набавката за потребите на Град Скопје, ги вршел услугите сукцесивно, секој месец во текот на траењето на договорот. 

Согласно Техничката спецификација, која е составен дел на Договорот, снимениот видеоматеријал и фотографиите остануваат авторска сопственост на Град Скопје. Покрај обработениот видеоматеријал и необработениот материјал и фотографиите согласно договорот остануваат сопственост на Град Скопје. По завршувањето на договорот, операторот требал целокупниот материјал предвиден со договорот на екстерен хард диск да го достави до Град Скопје и овој услов бил исполнет и целокупниот материјал е предаден на градските власти.  

По сознанијата до кои сега дошол Град Скопје, дел од видеоматеријалот, предмет на овој договор е искористен во видеоспот како платена политичка програма во 2017, од страна на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. 

За таа цел до ДКСК се доставени Договорот и фактурите и извештаите за извршената услуга-предмет на набавката, заедно со видеото кое е доставено од носителот на набавката по извршување на услугата и видеоспотот како платена политичка програма на тогашниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, каде се користени кадри кои претходно биле нарачани за потреби на Град Скопје и кои согласно Техничката спецификација претставуваат авторска сопственост на градските власти. Услугата за снимање е исплатена од буџетот на Град Скопје.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе