Градинките и училиштата остануваат отворени, засега во нив нема жаришта на коронавирусот

Градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до III одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи. Тие нагласуваат дека состојбата ја следат секојдневно и други мерки ќе бидат преземени само доколку се промени епидемиолошката слика.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера истакна дека според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на COVID-19 и додаде дека се додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеноста кај учениците и 0,6 проценти кај наставниците. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на COVID-19 внатре во училиштата. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел, рече Царовска.

Според неа, има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да изведуваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение.

– Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото, потенцира министерката за образование.

На ист став е и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која оцени дека состојбата во градинките е под контрола и оти тоа, како што рече, може да се види од досегашниот број позитивни случаи и лица во изолација, ако се има предвид дека во моментов околу 11 илјади дечиња се згрижени во овие установи.

– Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочува дека поголемата бројка на деца во изолација е поради тоа што еден позитивен негувател или воспитувач во изолација повлекува цела група од најмалку 15 деца и еден негов колега.

Кога се зборува за изолација, додаде вчера министерката, треба да се нагласи дека тоа е бројка на лица ставени во изолација поради контакти, а не позитивни на коронавирусот.

– Велиме дека состојбата е стабилна врз основа на фактот што 11 илјади деца во моментов претсојуваат во градинките. Од тие 11 илјади во изолација се ставени околу 650 дечиња. Будно ја следиме состојбата и како ќе се одвива епидемиолошката состојба така и ќе бидат одлуките што ќе ги носи и министерството и владата, рече Шахпаска.

По неколкумесечниот прекин, градинките почнаа со работа на 9 септември. Училиштата ги отворија вратите за физичка настава само за учениците до трето одделение. И едните и другите работат под посебни протоколи за функционирање во услови на пандемија предизвикана од COVID-19. Останатите ученици наставата ја следат онлајн.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе