Градинките ќе отворат сите одеднаш за да се вратат граѓаните на работа

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција извести за донесениот Протокол за изборниот процес и одговараше на новинарски прашања.

Венко Филипче истакна дека скринингот во градинките денеска и официјално е почнат. Сепак, како што истакна, додека не се сигурни дека вработените се негативни на брисевите, нема да се носи одлука истите да се отворат.

Тој појасни дека вчера се направени и финалните подготовки, а од денеска веќе се регрутирани вработените во градинките кои ќе бидат тестирани.

-Почнува скринингот во градинките, вчера се направија и финалните подготовки, денеска се регрутирани во градинките вработени кои ќе бидат тестирани, иако беше иницијално планирано тоа да биде во Центрите за јавно здравје со цел да се заштитат со оглед на тоа што се тоа здрави лица да не се мешат со тие кои што се потенцијално заразени или со симптоми, а доаѓаат во Центрите за јавно здравје и тој процес ќе продолжи и понатаму, сè додека не сме сигурни дека се целосно здрави односно негативни се брисевите, нема да носиме одлука да градинките се отворат, рече Филипче.

Според Филипче, отворањето на градинките уште претставува ризик, затоа што станува збор за сензитивна група, односно за малите деца.

-Тоа претставува ризик меѓутоа не е само брис како брис податок за вработените, туку и многу други податоци во однос на околината, семејството, условите и контактите во кои што живеат тие. Значи нема да им биде земен само брис туку ќе се направи соодветна епидемиолошка анкета, ќе се откријат асимтоматските носители и тоа е целта во сите ризични групи кои сега ги таргетираме во смисла на ваков пристап со таргетиран скрининг. Ризик постои и откако би се отвориле градинките, и свесни сме за тоа меѓутоа станува збор за исклучително сензитивна група, за малите деца и сметам дека од тука треба да се почне и сепак ќе добиеме некои податоци, рече Филипче во одговор на прашање.

Прашан колку време ќе трае скринингот, одговори дека според сегашната проценка на капацитетите, скринингот би траел десетина дена, меѓутоа ќе се анализира како ќе се одвива скринингот следните денови, а ќе ја имаат и предвид можноста да го надградат капацитетот на тестовите. Градинките, како што рече, мора да се отворат во исто време.

„Градинките мора да се отворат во исто време. Според сегашната проценка на капацитетите, некаде десетина дена би требало да трае скринингот, имајќи го предвид вкупниот број на вработени во градинките. Меѓутоа следниве денови како ќе почне тоа да се одвива, може да го надградуваме капацитетот на тестови, во смисла на распоред по повеќе лаборатории. Мислам дека имаме сериозни шанси да го зголемиме бројот на тестови што би се правел во текот на еден ден, па да заврши скринингот за кратко време, а градинките ќе се отворат сите одеднаш, заради тоа што тоа е битно за враќање на граѓаните на работа. Значи не може да отвораме една по една градинка.“

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе