Градоначалникот на Бања Лука му се налути на Додик: Го креваме знамето на оние што нѐ бомбардираа

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, го критикуваше потегот на Милорад Додик, кој во Палатата на Републиката во Бања Лука проектира фотографија од новиот американски претседател Доналд Трамп со порака: „Република Српска честита“. Токму во таа зграда се наоѓа канцеларијата на Додик.

Претходно вчера во Бања Лука Додик организираше прослава во чест на победата на Трамп на претседателските избори и ги изрази своите очекувања дека новата администрација ќе ги укине санкциите. Инаку, токму вчера американското Министерство за финансии воведе дополнителни санкции со кои се казнува мрежа на компании и лица поврзани со Додик.

Сепак, Станивуковиќ не се израдувал што американското знаме било проектирано и на Палатата на правдата.

„Достоинството е многу драгоцена работа што никој не може да ви ја одземе, освен вие самите. Достоинството се одзема со вакви потези. На оние од кои преживеавме бомбардирање, кои нè ставија под санкции и на црни листи, денес им го креваме знамето на еден од симболите на Република Српска и тоа поради победата што сè уште не знаеме што ќе ни донесе.

Во ваквите потези нема ни достоинство ни државничка мудрост. За жал, постои едно Д - Дно на сервилност и понизност кое никогаш не било карактерот, ниту духот на нашиот народ. Му честитам на Доналд Трамп за победата, со верба дека и Америка и светот ќе бидат подобри, но додека јас го водам градот, нашата тробојка и симболите на градот ќе се виорат на зградата на градската управа“, напиша тој на Facebook.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Регион

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Непалските работници во Хрватска штрајкуваа поради ниски плати и лоши услови

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Read more
 

Вести

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе