Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун е најден мртов, откако претходно денеска неговата ќерка го пријави вo полиција како исчезнат, објави јужнокорејската агенција Јонхап.
Полицијата го пронајде неговото тело во северниот дел на Сеул, во близина на местото каде последен пат е детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон во текот на потрагата по него.
Ким Ји-хјеонг, претставник на градската власт, истакна дека градоначалникот денеска не дошол на работа од непознати причини и ги откажал сите планирани настани.
Парк, долгогодишен активист и адвокат за заштита на човековите права, е избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а последниот, трет мандат, го освои минатиот месец. Беше член на владејачката Либерално-демократска партија и еден од можните кандидати на претседателските избори во 2022 година.