Градот одлучи: Дел од улицата „Даме Груев“ ќе поминува низ зграда

По две години размислувања, градската власт ја избра варијантата за уривање на дел од зградата на улицата „Даме Груев“ кај кафулето „Kорзо“ со цел да се прошири оваа сообраќајница за дополнителни две коловозни ленти.

Станува збор за урбанистичко решение кое е предвидено пред неколку децении за да се растовари дел од метежот во строгиот центар во Малиот ринг.

Kако што претходната недела информира градоначалникот Kоце Трајановски на презентацијата на нацрт-буџетот на Град Скопје за 2017 година, предвидено е да се урива приземјето и првиот кат од зградата на поранешен „Макотекс“, да се изградат столбови и мост кон зградата отспротива за да се зајакнат преостанатите катови, а автомобилите да минуваат под него.

За потсетување, ова решение е едно од трите понудени од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за безбедно надминување на проблемот со оваа испакната зграда, чиј пасаж, кој е потпрен на столбови, е единствена пречка за проширување на улицата во булевар. Во деловните простории на зградата во моментов никој не живее, а се сопственост на „Центро АД“ во стечај.

Очекувањата на надлежните од Градот се до средината на наредната година да се решат сите проблеми во врска со оваа зграда и да почне изработката на главните проекти за зградата и за улицата. Мали се шансите, в година да почне и првата фаза од изградбата, појаснуваат одговорните за урбанизам.

Што се однесува до обесштетувањето на сопственикот, уште лани Советот на Скопје ја усвои одлуката за размена на простор, односно на сопственикот „Центро АД“ во стечај како надомест за уривање на дел од зградата му додели деловен простор. Беше потпишан договор за размена на 136 квадратни метри во катната гаража „Тодор Александров“, односно два дуќана на приземјето, со површина од 83 и 53 квадрати.

Улицата „Даме Груев“ ќе се проширува за две нови ленти на потегот од трговскиот центар „Палома бјанка“ до Собранието на Република Македонија. Ќе има профил од 17 метри и ќе биде без средишно зеленило, односно лентите ќе бидат одвоени со хоризонтална сигнализација. Улицата ќе се шири на сметка на сегашните паркиралишта и паркот на овој потег. Жителите на Градски ѕид и околината по изградбата ќе се паркираат во катната гаража, која има капацитет за 605 автомобили.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе