Градската библиотека во Скопје ќе ја промовира „Антологија на иднината“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја најавува промоцијата на своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. Промоцијата е закажана за вторник, 25 јуни во 19 часот во Паркот на поезијата (дворот на библиотеката).

„Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците – Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје.

Објавувањето на „Антологија на иднината“ како дел од издавачката дејност на ГБСК е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.

Се восхитувам на оваа силна буица од младешка енергија и искреност, која верувам дека ги задоволува и највисоките книжевни критериуми. Особено сум горда што Библиотеката е издавач на оваа Антологија на иднината.

За писателот Русјаков, ова е збирка поезија и проза на исклучително свои и посебни млади книжевни Автори од една „обична“ креативна работилница:

Зад овие редови не се крие, туку се објавува она за кое верувам дека може да стане иднина на книжевната уметност во светот и кај нас во татковината, секако, ако тие одлучат да ја жртвуваат својата удобност и вообичаено воспоставените норми и правила, оти уметноста истовремено вреска и тихува во утробата – пишува тој.

На промоцијата за „Антологија на иднината“ ќе говорат Стојчевска, Русјаков и Александра Јуруковска – координатор на проектот.

Свои творби ќе читаат дел од авторите застапени во Антологијата: Михаела Стефановска, Софија Добревска, Александра Арсовска, Давор Стефановски, Хана Трајкоска, Методија Тасевски, Никола Ристовски, Нино Наумовски, Иво Донев, Матеа Јовановска, Бојана Цветковска, Јована Вуковиќ, Маша Тодевска и Михаела Сталеска. Модератор на настанот е актерот Андреј Серафимовски, а во музичкиот дел ќе настапи младиот панк бенд „Малери“.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Култура

БУКВАЛНО. ЏЕЗ: Нов фестивал го збогатува културниот живот во Скопје

Read more

Македонски уметници изложуваат во Атина со колешки од Србија, Грција и Кипар

Read more

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Read more

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе