Graduate програмата на Дамила е одлично место за почеток на вашата кариера

Програмата ја одреди насоката на нашите кариери, нè научи да работиме како тим и нè подготви за следните професионални предизвици.

Компанијата „Дамила“ во октомври почна сопствена Graduate програма во која беа вклучени пет студенти, кои се во последната година од своите студии или се неодамна дипломирани.

Учесници во програмата беа Мартина Јовановиќ, Галина Душански, Никола Неделчевски, Леона Илиева и Петар Киселинов. Тие изминатите четири месеци беа изложени на сите аспекти од циклусот за развој на софтвер, технологиите, процесите и алатките под менторство и насока на нашите искусни колеги, кои им пружија целосна поддршка и знаење, водејќи ги низ целиот процес. По завршувањето на програмата тие официјално станаа помлади софтвер инженери како дел од шесте тима на „Дамила“ и секој од нив во моментот учествува во различен тим со конкретни задачи.

Ги замоливме петте учесници да ни го споделат своето видување и искуство за програмата, дали таа ги исполни нивните очекувања, дали им помогна да се справат со сите предизвици и задачи, и дали им помогна во одредување на правецот и развојот на нивните кариери.

За Мартина, Graduate програмата претставува одлична можност за студентите да ги прошират своите стекнати знаења oд областа на информациските технологии, подобро да го разберат животниот циклус на развој на софтвер, како и да се запознаат со агилните методологии на работа, кои се неизбежен дел од современите ИТ-компании.

- Програмата ги запазува сите сегменти од градењето на еден продукт: Product Ownership, QA, DevOps и Software engineering. Покрај тоа, се нуди и можност за избор на кој било од овие сегменти за развој на понатамошната кариера. Преминот од факултет во компанија е најголем предизвик за секој млад студент. Меѓутоа, graduate програмите го олеснуваат тоа бидејќи претставуваат вид хибрид помеѓу факултет и компанија. По завршувањето на програмата се чувствувате многу посамоуверено и поподготвено за следните професионални предизвици. - вели Мартина.

Сличен став има и Галина, која смета дека најголемата придобивка од програмата е што што им се обрнува внимание на сите делови од процесот на изработка на апликација, а не само на програмирањето. Иако се чини дека имаме искуство кое го носиме од факултет, процесот е далеку поразличен во вистинскиот свет.

- Ова е предност која ретко може да се сретне во други компании и нуди можност за пронаоѓање и поттикнување на нашите интереси. Можеби во текот на програмата некој ќе се пронајде во различна улога од онаа во која досега се замислувал. Дури и да не е така, согледувањето на овие аспекти е важно и корисно за секој млад софтверски инженер - нагласува Галина.

За Никола, Леона и за Петар, пак, најголемите придобивки од програмата се можностите да работат во професионален амбиент со најнови и најсовремени технологии, стекнатите знаења, како и менторите, кои, како што велат самите, многу им помогнале и ги мотивирале да станат подобри програмери во иднина.

Ги прашавме и кој е најголемиот предизвик со кој се соочија изминатите месеци и како се справија со него. За повеќето од нив тоа е предизвикот да се создаде реален производ за решавање на некои проблеми од нула, кои ќе одговараат на потребите на корисниците. За некои, пак, тоа е изработката на фронтендот, бидејќи, како што велат самите, на тој дел не се посветува толку големо внимание во високото образование. Конечно, сите се согласни дека програмата им овозможи полесно да се справат со предизвиците, да комуницираат со тимот, да учат, стекнуваат нови знаења и вештини и да се надградуваат.

- Предизвиците и тешкотиите се дел од патувањето, но со одличното менторство од нашите одлични колеги и темелното истражување на сите препреки кои излегуваа во текот на целиот процес, секогаш успевавме да се справиме со нив - вели Никола.

- Беше доста предизвикувачки, но и многу интересно. Се чувствувам многу среќен бидејќи другите учесници ми станаа пријатели и многу си помагавме - додава Петар.

За Галина, најважните лекции за учесниците на програмата, покрај техничкото знаење, се комуникациски вештини, работни навики и односи, тимската игра и поддршка.

- Една од највредните лекции што ги научив беше дека нема „јас“ во „ТИМ“, така што соработката и споделувањето на знаењето се клучни со оглед на фактот дека секој се движи со своја брзина, учењето да се синхронизирам со другите ми помогна многу во аспектот како е да се работи како група. - посочува Никола.

Освен можноста за тимско работење, програмата на „Дамила“ нуди и шанса стекнатите знаења и вештини да се применат на реален проект.

- Сите предавања кои беа дел од програмата беа внимателно испланирани и носеа своја вредност. Сè што научив веднаш можев да го применам во секојдневните обврски и задолженија кои ги имав, со што се потврдува корисноста на она што менторите сакаа и умееа да ни го пренесат - вели Галина.

Учесниците се согласни дека „Дамила“ им ги понудила сите потребни ресурси за зголемување на продуктивноста и за успешно завршување на програмата.

- Компанијата ни ги овозможи сите ресурси кои ни беа потребни за работа и постигнување успех. Покрај starter pack-от од лаптоп, глувче и слушалки, ми се допаднаа и мотивирачките изненадувања и награди кои ги добив за покажан успех. Дамила има прекрасни канцаларии со убава работна атмосфера и чести интересни настани во текот на работната недела како Tacos day, Office lunch, Secret Santа - вели Галина.

Мартина посочува дека „Дамила“ наспроти сите логистички капацитети, „го поседува и најголемото богатство - квалитетни луѓе коишто се секогаш пријателски настроени и подготвени да помогнат“.

- Менторите  навистина одиграа голема улога во поставувањето на нашиот начин на размислување и навистина ценам што ни дадоа слобода на креативна одговорност - смета Никола.

Програмата на „Дамила“ и нејзините ментори освен што пренесуваат техничко знаење и најдобри практики од ИТ-сферата, исто така им помагаат во процесот на поттикнување и пронаоѓање на интереси во кој правец ќе ја развиваат својата кариера.

- Во рамките на програмата се обрнува внимание и на развивање на меки вештини за побрз професионален раст и развој. Во програмата активно учествуваат и луѓе обучени за people training and development бидејќи покрај техничко знаење од областа, за секоја индивидуа е многу важно да има развиена комуникација, емоционална интелигенција, емпатија, колегијалност и сл. Можам да кажам дека програмата добро ме подготви за мојата понатамошна кариера - посочува Мартина.

- Оваа програма беше токму тоа што ми беше потребно за почеток на мојата кариера како софтверски инженер. Во овие четири месеци беа поминати сите теми кои што претставуваат основа за работа во оваа сфера - додава Леона.

Конечно, ги прашавме учесниците какво е нивното севкупно искуство и какви совети би им дале на идните студенти.

- Ја чуствувам компанијата како едно големо семејство кое може да надмине сè и секоја бариера - посочува Петар.

Сличен став има Мартина, која вели дека за неа програмата била прекрасно искуство.

- Доколку би имала повторно избор каде да ја започнам својата кариера повторно би ја избрала „Дамила“. Културата на компанијата е она што првично ме освои, а одличните услови за работа и прекрасните колеги се она што ме натера да останам - нагласува таа.

И Галина вели дека е пресреќна што била дел од првата програма на „Дамила“ и дека „без размислување повторно би ја избрала“.

- Покрај знаење, стекнав и пријателства кои се навистина важни за секоја работна позиција, бидејќи голем дел од денот го поминувате токму со овие луѓе - додава таа.

Никола, пак, ги советува студентите „да не се двоумат и дефинитивно да аплицираат на Graduate програмата на Дамила“.

- Не плашете се да излезете од вашата комфорна зона и бидете подготвени да инвестирате во себе. Имајте на ум дека ова патување не е процес преку ноќ и останете фокусирани на тоа каде сакате да бидете - нагласува тој.

Процесот за прибирање на нови апликации за следната генерација на Graduate програмата на Дамила е веќе започнат. На оваа програма може да аплицираат сите студенти кои се последна година на студии или скоро дипломирани. Апликациите може да се испраќаат на graduate@damilah.com. Нашиот тим ќе ја разгледа вашата апликација и ќе ве информира за следните чекори.

Новиот циклус на Graduate програматата на Дамила започнува во октомври 2023 година. Програмата ќе трае 4 месеци, во која учесниците ќе бидат изложени на сите аспекти на циклусот за развој на софтвер, технологиите, процесите и алатките. Секој учесник, има можност да стекне практично искуство, да добие поддршка, да се развие и изгради клучни вештини потребни во ИТ индустријата.

Дамилах е најбрзо растечка ИТ компанија во Македонија која започна со работа пред една година. Моментално во компанијата работат 80 професионалци од ИТ индустријата. Се работи на неколку клучни аспекти за усовршување на cloud native next generation едукативна платформа за најголемата edtech компанија во Европа која ја користат повеќе од 19 000 училишта во Велика Британија и уште 48 земји во светот.

Аплицирајте уште денеска! Вашата иднина започнува тука.

реклама

Над 1.300 починати на аџилак во Саудиска Арабија

Read more

Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Read more

Терористички напади во Русија: Улични тепачки, нападнати цркви, убиени 15 полицајци

Read more

Доларот зајакна, еврото ослабе

Read more

Промо

Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Read more

Македонска премиера на целосно новиот Volkswagen Tiguan

Read more

Славиме заедно – 100 години Прилепска Пиварница

Read more

Победничка комбинација за #ФиналеЗаСитеНавивачи

Read more
 

Ново

ЕУ со санкции удри по рускиот гас

Читај повеќе

Кого ќе го стигне кармата со доаѓањето на ретрограден Сатурн?

Читај повеќе
  • filter

24 јуни 1861, излегол од печат Зборникот на браќата Миладиновци

Читај повеќе

Што се случува во вашето тело кога пиете кафе со млеко и шеќер?

Читај повеќе

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Читај повеќе

Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Илјадници жени во Франција маршираа против екстремната десница

Читај повеќе

Дали утринскиот секс е подобар од ноќниот?

Читај повеќе