Граѓани добивале пораки од директорот на БЈБ, МВР предупредува на меѓународна измама

Деновиве во Министерството за внатрешни работи (МВР) пристигнале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски.

Во пораките пишувало дека во наводна соработка со Европската полиција (Европол), примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикувал да го контактира испраќачот за да му објасни за какви кривични дела станува збор. Освен ова полицијата добила пријава дека постои лажна веб страница на Управата за јавни приходи (УЈП), од каде се испраќаат пораки за некакво задолжително пријавување на граѓаните на лажниот линк. Поради ова, денеска МВР издаде соопштение со кое ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака и дека зад не се крие меѓународна измама.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани“, предупредуваат од МВР. Исто така, од МВР предупредуваат граѓаните што ќе добијат вакви пораки да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на сопствениот компјутерски систем од вируси.

„Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот. Ги информираме граѓаните и дека во Секторот за компјутерски криминал е пријавено дека е изработена лажна веб страна на Управата за јавни приходи, од каде се испраќаат пораки за некакво задолжително пријавување на лажен линк. Апелираме до граѓаните да не ги отвараат ваквите пораки и да не ги оставаат податоците од своите банкарски сметки затоа што станува збор за измама“, предупредуваат од МВР. Ова не епрв пат лажни пораки од МВР да бидат испраќани на адреса на граѓаните. Во 2020 година МВР предупреди граѓаните да ненаседнуваат на пораките кои непознат сторител ги испраќал во името на државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска. Досега нема јавно објавена информација дали полицијата ги најде сторителите на оваа измама, велат од МВР.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе