Граѓаните ги менуваат навиките за плаќање, почесто користат платежни картички

Плаќањата со платежни картички во трговијата во третиот квартал бележат раст. Зголемени се плаќањата преку интернет и плаќањата на местата на продажба. Пад има кај кредитните трансфери.

Народната банка бележи висок годишен раст од 175 проценти на бројот на плаќања со платежни картички преку интернет кој е речиси петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал минатата година. Според платежната статистика што ја објави Народната банка, остварен е и годишен раст од 36,8 проценти на плаќањата на физичките места на продажба којшто е значително повисок од годишниот раст во истиот квартал лани (22,3 проценти).

Овие податоци укажуваат дека граѓаните почнуваат да ги користат придобивките на електронското банкарство и да ги менуваат навиките за плаќање, односно почесто да користат платежни картички при купување.

За извршување на плаќањата, граѓаните најчесто ги користеле мобилните апликации. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал на значителни 84,2 проценти на годишна основа што е повеќе во споредба со третиот квартал минатата година кога овој процент изнесувал 49,3. 

Покрај ова, продолжува и трендот на употреба на компјутерите при плаќање од страна на граѓаните. Поточно, кај овие плаќања, во третиот квартал забележан е висок годишен раст од 20,1 процент што е четирипати повеќе во однос на истиот период лани.

Од друга страна условите што ги наметна пандемијата на COVID-19 имаат негативно влијание кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери каде е забележан годишен пад од 4,4 проценти кај бројот и од 4,9 проценти кај вредноста на трансакциите. Народната банка бележи и годишен пад од 34,4 проценти кај бројот на кредитни трансфери на хартија наспроти годишниот раст во третиот квартал лани кога изнесувал 8,5 проценти.

– Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за впечатлив годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 141 проценти, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 28 проценти во текот на сите три квартали од 2020, велат од Народната банка. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе