Граѓаните ќе излезат на гласање ако здравствените власти дадат зелено светло за избори

Речиси 70 отсто од граѓаните ќе излезат на гласање на парламентарните избори доколку здравствените власти дадат зелено светло за тоа. Тие нема да се чуствуваат безбедно доколку тоа биде само со повик од политичарите. Ова произлегува истражување на јавното мислење кое се однесува на изборите и мислењето на граѓаните за тоа кога треба тие да се одржат.

Истражувањето што го објави „Детектор“, а го изработи Институтот за политички истражувања Скопје, покажува дека ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии.

Само со повик од политичарите да се излезе на гласање, мнозинството граѓани велат дека не се чувствуваат безбедно за да учествуваат на изборите, 38,9 отсто од граѓаните велат дека доколку политичките лидери изјават дека кризата е завршена и повикаат на гласање, тие нема да се чувствуваат безбедни да гласаат, додека 37,5 отсто велат дека ќе се појават на гласачките места.

Доколку рестриктивните мерки за социјална дистанца, носење маски и ракавици сè уште се на сила, на гласање велат дека ќе излезат 45,7 отсто од анкетираните, додека 33,7 отсто велат дека нема да гласаат.

Доколку биде потребно подолго да се чека пред гласачките места согласно препораките за социјална дистанца, над една третина или 39,3 отсто од граѓаните велат дека воопшто нема да гласаат, додека 42,9 отсто велат дека ќе излезат на избори.Три четвртини од анкетираните или 76,3 отсто велат дека на следните избори, државата треба да обезбеди маски, ракавици и пенкала за гласање, додека 15 отсто сметаат дека нема потреба за тоа.

Најголемиот дел од граѓаните или 24,2 отсто сметаат дека изборите треба да се одржат во септември, додека 22,8 отсто се на ставот дека избори треба да има после септември. Најмал е процентот на граѓани кои сметаат дека изборите треба да се одржат во јуни. Ваков став имаат 15,1 отсто од анкетираните. За избори во јули се 17,6 отсто, а за изборен датум во август, 15,8 отсто од анкетираните.

Доколку изборите се одржат на крајот на јуни или првата половина на јули, на гласање велат дека ќе излезат 48,2 отсто од анкетираните додека 35,1 отсто велат дека нема да гласаат. Ова е значително намалување во однос на тоа колкумина од граѓаните биле подготвени да гласаат пред корона кризата. Според резултатите од истражувањето, 74,7 отсто од анкетираните изјавиле дека пред корона кризата планирале да гласаат на парламентарните избори, додека само 18,1 отсто планирале да апстинираат.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе