Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Во тек е јавниот повик за аплицирање за услугата „Итно копче“ во Oпштина Центар. Како што информираат од Општина Центар, со оваа нова услуга на повозрасните граѓани над 65 години им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.

„На јавниот повик можат да се пријават жителки и жители над 65 годишна возраст од Центар, со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба. Корисниците коишто сакаат да се пријават треба да бидат со адреса на живеење во Општина Центар, да не надминуваат висина на пензија од 35.000 илјади денари и лица кои немаат дијагностицирано деменција, поради тоа што уредот не е соодветен за лица со деменција и Алцхајмерова болест. Оваа услуга е бесплатна и може да ја користи само еден член на семејството“, посочува од општинската прес-служба.

Од општината појаснуваат дека повозрасните жители може да аплицираат со пополнување на барање за користење на услугата Итно копче кое се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвениот крст, со копија од лична карта и со копија од чек од последна пензија. Сите документи, заинтересираните жители можат да ги достават во канцеларијата на Итно копче – ул. „Славе Георгиевски-Шнајдер“ бр.5, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330. Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посоочува дека повозрасните центарци можат да добијат итна помош со едноставно притискање на копчето на уредот за комуникација, што се носи како приврзок во форма на нараквица или ланче.

„По активирањето на копчето, сигналот стигнува до Црвениот крст кадешто одговорните лица стапуваат во контакт со корисникот на кого му треба брза реакција за да процени каква помош е потребна, а потоа, во зависност од состојбата се испраќа тим на терен или се повикува итна помош. Се грижиме за сите пензионери и возрасни жители на Центар“, вели Герасимовски.

Повеќе информации за јавниот повик за аплицирање за услугата Итно копче може да најдете тука.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе