Граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица да се самоизолираат

Штип, 29 мај 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје-Штип по состанокот со епидемиолозите од Комисијата за заразни болести објави Задолжение до граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица.

Сите граѓани од Штип кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број лица заболени од короновирус, како и граѓаните кои користат ваков тип превоз, задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар при појава на првите симптоми на болеста – кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис.

По извршена епидемиолошка анкета, тие ќе добијат упатства за тоа дали и кога ќе бидат тестирани за COVID-19. Доколку бидат тестирани, ќе бидат задолжени да продолжат со самоизолацијата до добивањето на резултати од земениот брис. Дополнително, од стручните лица ќе добиваат упатства за тоа како да постапуваат.

– Бидејќи ситуацијата од изминатите неколку дена остава впечаток дека почитувањето на мерките за заштита од овој вирус е на најниско ниво, уште еднаш ги задолжуваме  граѓаните истите да ги почитуваат! Задолжително е одржувањето на хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, задолжително е одржувањето на социјална дистанца од 1,5 до два метра на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место! Задолжително е носењето заштитни маски, а по можност и ракавици, пишува во соопштение насловено како задолжение од страна на Центарот за јавно здравје-Штип.

Во него се вели дека просторијата во која работат поголем број лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу нив, носење лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегне групирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.

Потенцираат дека олабавувањето на мерките не значи крај на пандемијата на COVID-19 и дека задолжителната примена на овие мерки е најбитен елемент во превенцијата на овој вирус.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе