Свет

Граѓаните на Алепо слават, сириската армија ги избрка и последните терористи

17. февруари 2020 - 19:54 | Ф.З.

Сириската армија успешно ја заврши операцијата за чистење на последните остатоци од ИСИС во градот Алепо, по што сега тамошните жители за првпат можат мирно да спијат.

Алепо конечно е сто посто слободен град. Потпомогнати од Русија и Иран, сириската армија на Башар ал-Асад ги елиминираше и последните џепови со терористички франкции од ИСИС, Ал-Каеда и фронтот Жабхат ал-Нусра по што жителите на разурнатиот град излегоа низ улиците да ја прослават големата победа.

Цели осум години траеше агонијата на Алепо откако прво почна граѓанската војна, а потоа падна во рацете на терористите од ИСИС. Градот беше делумно ослободен во декември 2016 кога сириската армија потпомогната од руската авијација ја презеде контролата.

Коментирај