Здравје

Грчевите во рацете може да бидат знак за смртоносни заболувања

23. февруари 2018 - 10:23 | М.Д.

Тромбот или згрутчувањето на крвта може да предизвикаат проблеми кои варираат од чувство на непријатност до состојба која може да резултира со смрт. Тромбозата, меѓу другото, е една од главните причинители за проширени вени.

Карциномот, малку движење, вишок на килограми, постоперативна состојба и поединечни лекови влијаат на создавање на згрутчување на крвта и тромбоза.

Тромб најчесто се создава во пределот на карлицата или нозете, а може да стигне се до срцето, белите дробови или мозокот.

Грчот кој доведува до белодробна емболија не мора да биде згрутчување на крвта, туку и воздушен меур, маснотии, дел од тумор или нешто друго.

Колку згрутчувањето на крвта е од клучна важност за зараснување на рани, исто така во толкава мерка може да биде и причина за неволја.

Токму затоа е важно да се знае како да се препознаат симптомите, за да се реагира на време.

Најчестите симптоми на згрутчување на крвта се:

1. Отечени екстремитети можат да укажат на намален проток на крв во рака или нога, кој е предизвикан од длабока венска тромбоза. Тоа е опасно, бидејќи нормалната циркулација на крвта е важна за снабдувањето на екстремитетите со кислород.

2. Ако чувствувате грчеви во рака или нога, и болните места ви се топли на допир, веројатно станува збор за згрутчување на крвта.

3. Обичните модрици се исто така еден вид на згрутчување, но обичните модрици немаат околу себе црвени линии на кои морате да внимавате.

4. Силна болка во градите при длабоко земање на воздух може да ве натера прво да помислите на срцев удар, но можеби станува збор за згрутчување на крвта во белите дробови, што може да доведе до белодробна емболија која, ако не се открие во рок од еден час, често може да биде смртоносна.

5. Истото важи и ако не сте во состојба да земете длабок здив, или ако имате вртоглавица, забрзани отчукувања на срцето или имате чувство на тежина во градите. Тоа, многу се често симптоми на згрутчување на крвта.

Коментирај