Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Откажување на Меѓународниот саем во Солун; работно време до полноќ за кафулиња и ресторани во неколку делови на Грција; задолжителен негатвен тест за пристигнување од  одредени земји, како и од копнените граници, се дел од новите мерки на грчката Влада.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада, Аристотелија Пелони, ги соопшти одлуките донесени на денешниот состанок за COVID-19 на премиерот Кирјакос Мицотакис со надлежните министри и епидемиолозите.

Нема да се одржи Меѓународниот саем во Солун планиран од 5 до 13 септември на кој оваа година Германија требаше да биде почесна земја, а традиционалниот говор на премиерот ќе биде пред ограничен број присутни.

Една од шесте мерки соопштени попладнево е и забрана за работа на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично од полноќ до 7 часот наутро на островот Крит, во регионот Источна Македонија и Тракија, во Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.

Забраната стапува во сила утре, ќе важи до 23 август, а како што рече Пелони, во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата.

Во цела Грција, паралелно се откажуваат и сите јавни манифестации на кои присутните стојат, вклучувајќи ги и концертите и претставите.

Во однос на туристите, за сите оние кои од 17 август ќе пристигнат во Грција со летови од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, задолжителен е негативен молекуларен тест ПЦР направен 72 часа пред патувањето.

Истото важи и за сите оние кои од 17 август ќе влезат во Грција преку копнените граници, вклучително и грчките граѓани и оние кои имат дозвола за престој, а тестот треба да биде направен во земјата од која што влегуваат, а не во Грција.

Пелони, дополнително соопшти дека од 16 август, преку граничниот премин „Какавијас“ со Албанија дневно ќе биде дозволен влез на намногу 750 лица.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе