Бизнис

Грчките пензионери куртулија – веќе не се мета на мерките за штедење

21. октомври 2018 - 14:03 | А.С.

Европската комисија го одобри буџетот на Грција за 2019 година без да го условува со намалување на пензиите, по осум години мерки за штедење, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грција со задоволство гоочекува првиот буџет по една деценија што не ја врзува земјата со финансиски обврски, откако Атина во август ја врати последната рата од финансиската помош.

Ципрас во септември предвиде дека најверојатно нема да бидат потребни намалувања на пензиите, додека го кроеше буџетот што ќе ги задоволи меѓународните позајмувачи.

Атина во јуни покажа буџетски суфицит поголем од очекуваното и потоа побара од кредиторите да прекинат со барањата за намалување на пензиите.

Комисијата потврди дека Грција изгледа солидно позиционирана да ја оствари целта за примарен суфицит од 3,5 проценти од БДП во следната година и до 2022, без трошоците за кредитите.

Коментирај