Грција ќе го плаќа карантинот за евентуалните заразени туристи

Доколку се појави позитивен случај кај турист додека престојува на одмор во Грција, ќе биде сместен во хотел во карантин, а трошокот ќе биде на товар на државата, соопшти портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас рече дека во следниот период, како што ќе се приближуваме до 15 јуни, односно датумот одреден за официјален почеток на туристичката сезона во Грција, ќе биде соопштен и оперативниот план, а повтори дека ќе постојат насочени тестирања по случаен избор за туристите.

– Случаите што ќе бидат позитивни, ќе бидат сместени во хотел, со трошок што ќе биде на товар на грчката држава. Ова го правевме во минатото и ќе продолжиме да го правиме. Се надеваме дека ќе има малку позитивни случаи или нема да има воопшто, објасни портпаролот на грчката Влада.

Тој истакна дека од 15 јуни, Грција, „доследно и методично, со правила и протоколи за безбедност и хигиена“ ќе ги прими туристите.

– Се грижиме, ова лето, здравјето и безбедноста да бидат наш прв приоритет, додека заедно ќе ги делиме културата, историјата и убавините на нашата татковина. Грција ќе продолжи континуирано да ги оценува епидемиолошките податоци, во соработка со експерти и европски и меѓународни организации, истакна Пецас.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во четврток ќе учествува во презентирањето на програмата „Рестартирање на туризмот“ (Restart Tourism), додека пак денеска имаше состанок со надлежните министри околу здравствено покривање на островите и здравствените протоколи за заштита на здравјето на локалното население, на туристичките работници, како и на туристите.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе