Грчката влада соопшти дека ќе постави камери во училниците на средните училници кога ќе почнат повторно со работа следната недела за да следат дали се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
На ова силно се спротивставија просветните синдикати и опозициските партии тврдејќи дека со тоа се нарушува приватноста. Преносот во живо е легален под посебни околности, но видеоматеријалот не може да се снима или да се складира.
Камерите во училниците ќе овозможат безбедна ротација на учениците кои следат настава, како и нивно дистанцирање, сметаат грчките власти. Но, грчката левичарска опозиција смета дека поставувањето камери во училиштата е сериозен ризик за учениците и вети дека ова прашање ќе го покрене во Европскиот парламент.
Родителите треба да одлучат дали ќе дозволат децата да посетуваат настава или и понатаму ќе учат онлајн. Училиштата се затворени од 11 март.