КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Грција, Косово и Русија ја спасија Македонија: Во ЕУРО 2024 квалификациите сме во барабан 4

Филип Здравески
/ 28.09.2022 / 17:34

Синоќешните победи на соседните Грција и Косово, како и суспензијата на Русија ја спасија македонската фудбалска репрезентација од срам и ја куртулија од барабанот 5 за претстојната квалификациска жрепка за пласман на ЕУРО 2024.

Фото: ФФМ

Поради слабите резултати во штотуку завршената сезона од Лигата на нации, а согласно новите правила на УЕФА квалификациските барабани да се одредуваат преку резултатите токму во ова натпреварување, репрезентацијата на Македонија беше на прагот да се најде во речиси најслабиот барабан за претстојната жрепка за пласман на ЕУРО 2024 во друштво на едни од најслабите европски фудбалски репрезентации.

Тоа за среќа не се случи и тоа благодарение на други резултати. Имено, синоќешната победа од 3:1 на Грција над Северна Ирска ги фрли Островјаните во барабанот 5, а иста судбина доживеа и Кипар кој загуби на гостувањето во Приштина со 5:1 од Косово.

И ниту тоа немаше да биде доволно доколку фортуната не замешаше прсти. Многу подобро рангираната од нас репрезентација на Русија требаше да биде во барабанот 4, но УЕФА ја исфрли од квалификациите поради војната во Украина, па во овој барабан едно место се ослободи. Согласно рејтингот, Македонија како најдоброрангирана од тој понижувачки барабан 5, автоматски влезе барабан погоре.

Жрепката за евроквалификациите е на 5 октомври во Франкфурт, а Македонија не може да се падне во иста група со останатите репрезентации кои се наоѓаат во истиот барабан 4. Тоа се: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови.

Вака изгледаат сите барабани (потврдено од УЕФА):

Барабан 1

  • Холандија
  • Хрватска
  • Шпанија
  • Италија
  • Данска
  • Португалија
  • Белгија
  • Унгарија
  • Швајцарија
  • Полска

Барабан 2

  • Франција
  • Австрија
  • Чешка
  • Англија
  • Велс
  • Израел
  • Босна и Херцеговина
  • Србија
  • Шкотска
  • Финска

Барабан 3

  • Украина
  • Исланд
  • Норвешка
  • Словенија
  • Ирска
  • Албанија
  • Црна Гора
  • Романија
  • Шведска
  • Ерменија

Барабан 4

  • Грузија
  • Грција
  • Турција
  • Казахстан
  • Луксембург
  • Азербејџан
  • Косово
  • Бугарија
  • Фарски Острови
  • Македонија

Барабан 5

  • Словачка
  • Северна Ирска
  • Кипар
  • Белорусија
  • Литванија
  • Гибралтар
  • Естонија
  • Латвија
  • Молдавија
  • Малта

Барабан 6

  • Андора
  • Сан Марино
  • Лихтенштајн

Колку Македонија на крајот имаше среќа покажува фактот што ја оставивме Словачка во барабанот 5 само поради малку подобрата гол-разлика. Имено, завршивме на истото 3. место во своите групи, освоивме по 7 бодови, но Словаците имаат гол-разлика 5:6 (значи -1), додека ние 7:7 (значи 0).

Жрепката ќе биде дефинитивно неизвесна бидејќи во сите барабани има по некоја мина. На пример, актуелниот светски шампион Франција се најде во барабанот 2, а верувале или не, во барабанот 1 е Унгарија. Во барабанот 2 е и великанот Англија. Потоа една Шведска е во барабанот 3, како што е и Норвешка на Ерлинг Холанд. Во истиот тој барабан е и Ерменија, која сите ќе ја посакуваат за противник. Во барабанот 5 може да ви падне џек-пот со Гибралтар, но може и мина со Словачка.

Најлесна можна група за Македонија:
Унгарија
Израел
Ерменија
Македонија
Гибралтар
Сан Марино

Најтешка можна група за Македонија:
Холандија
Франција
Шведска
Македонија
Словачка

Ќе бидат формирани 10 групи од кои 7 ќе имаат по 5 репрезентации, додека 3 ќе имаат по 6. Репрезентациите кои беа најдобри во своите групи во Лига А од Лигата на нации и кои се изборија за учество на фајнл-фор турнирот (Холандија, Хрватска, Шпанија и Италија) ќе можат да се паднат исклучиво во група која брои 5 репрезентации. Германија како домаќин на завршниот турнир автоматски е квалификувана.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе