Грција: Можни се локални карантини, нема отворање на границите за други земји

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот бифинг со новинарите, во однос на тоа дали Владата размислува да ја прошири листата со трети земји за влез во Грција.

– Во овој момент не постојат препораки за отворање за други земји. Забележуваме пораст на пандемијата, општо на планетата и во Европа, според тоа во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји. Ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече Пецас.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада објасни дека во оваа фаза во Грција постојат три области што предизвикуваат загриженост за коронавирусот.

Првата е континуираното поминување на копнените граници кон балканските земји на Грците и оние кои имаат дозвола за престој, втората се однесува на забавите во баровите и ноќните клубови, како и на прославите (свадби, крштевки), а третата област е ситуацијата во превозните средства.

За првиот случај рече дека „некои продолжуваат да влегуваат и излегуваат како да не се случува ништо“ и најави дополнителни мерки за копнените граници кон Северна македонија, Албанија, Бугарија и Грција, кои и онака се отворени само за грчки државјани и оние кои имаат дозвола за престој.

– Соопштувме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од утре вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен „Промахонас“, рече Пецас.

Конкретната мерка е веќе во сила на граничниот премин „Какавијас“ со Албанија, а од утре ќе важи и за „Евзони“ (со Северна Македонија), „Кристалопиги“ (со Албанија), „Нимфеа“ (со Бугарија) и „Кипи“ (со Турција).

Пецас истакна дека следната седмица е клучна за текот на пандемијата во земјата, објасни дека ќе ги преземат сите дополнителни мерки што се неопходни доколку за тоа постои препорака од експертите.

Со оглед на тоа дека во одредени делови на Грција има зголемен број случаи на COVID-19, портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, не ја исклучи можноста за воведување локални карантини, бидејќи, како што рече „тоа е мерка што во минатото беше успешно спроведена за да се ограничи веројатноста вирусот да се прошири во општеството и доколку биде потребно повторно ќе се преземат и такви мерки“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе