Скопјанец е осуден на 20 месеци затвор во Грција за напад на тројца полицајци.
Инцидентот се случил на островот Родос. Грчките медиуми објавија дека 30-годишниот скопјанец, кој бил пијан, се соблекол гол и легнал на маса во ресторан.
Кога полицајците интервенирале тој почнал да фрла кон нив со разни предмети.
Тој пред судот се бранел дека бил пијан и дека не се сеќава што правел.