Грција втора во светот по „Сини знамиња“ за најдобри плажи

Со 581 наградена плажа, Грција го задржа второто место во светот по добиените „Сини знамиња“ за плажи, марини и јахти, а регионот на Халкидики повторно е прв во земјата по бројот на вкупни награди, со 96 знамиња, јави дописничката на МИА од Атина.

„Сините знамиња“, знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на 581 грчки плажи, 36 повеќе од лани, на 15 марини и шест туристички јахти, кои беа наградени за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите и ја задржаа Грција на втората позиција меѓу 53 земји од целиот свет.

Од сите земји учеснички во програмата, Грција има 14 отсто од наградените плажи, а Халкидики со 96 „Сини знамиња“ е на првото место меѓу регионите во Грција , со наградени 87 плажи, шест туристички јахти и три марини, додека па втор е островот Родос со 55 плажи.

Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Оваа година „Сини знамиња“, знакот за еколошки квалитет на плажите, марините и јахтите за одржлив туризам, одбележува 35 години постоење.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе