Грција задутре го отвора преминот „Евзони“ и ја чека одлуката од ЕУ за влез на државјани од трети земји

Грција задутре отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Во однос на нашата земја, како што и беше претходно најавено, ќе биде отворен само граничниот премин „Евзони“ („Богородица“), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини.

– Од задутре, ќе биде дозволено и пристигнување на бродови од странство на грчките пристаништа. Во исто време, се отвораат точките за влез на „Евзони“, „Какавија“, „Кристалопиги“, „Промахонас“, „Нимфеја“, „Кастањес“ и „Кипи“. Владата продолжува да се подготвува за да обезбеди максимална можна заштита на здравјето на работниците во секторот, на жителите на туристичките дестинации и секако на нашите посетители, рече Пецас.

Сепак, во однос на влезот во Грција на државјани од трети земји, портпаролот на грчката Влада, на брифингот со новинарите објасни дека ги очекуваат одлуките од ЕУ. Рече дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.

– За среќа стасани сме до фаза во која постои листа на земји што по писмена процедура се испраќа до државите членки за до утре да имаме финализирање на оваа листа на земји. Во секој случај, ако не постои договор на европско ниво, најдоцна до утре ќе ја знаете позицијата на Грција, бидејќи од 1 јули ги отвораме сите наши порти за светот, објасни Пецас.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Северна Македонија, односно дека нема да бидат дозволени летови од нашата земја кон јужниот сосед. 

Тагови
реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Три генерации дизајнери споделија: Како се калеше македонската мода?

Read more

Хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Read more

Регион

Земјотрес со јачина од 5.2 степенa регистриран во близина на грчкиот остров Нисирос

Read more

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Read more

Земјотрес во Грција, почувствуван и во југоисточните делови од државава

Read more

Торнадо снимено во Далмација

Read more

Вести

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Читај повеќе

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Читај повеќе
  • filter

Сообраќајка кај Железничка, од камион кој превезувал стакла паднал товарот

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 5.2 степенa регистриран во близина на грчкиот остров Нисирос

Читај повеќе

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Читај повеќе

Ситуацијата е сериозна, добро е што финансискиот сектор е стабилен, смета Бесими

Читај повеќе

Филипче: Секоја одлука е донесена со цел да се обезбеди добар и безбеден образовен процес

Читај повеќе

Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училиштен ден, утре ќе протестираат

Читај повеќе

Изминатото деноноќие регистрирани 890 прекршоци за неносење маски

Читај повеќе