ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЧЕШКА/ГРУЗИЈА/ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА 2022

Грците бесни на бојата на новите кошаркари: Ова не е наша репрезентација

Грчки навивачи почнаа кампања против новопечените играчи во грчката кошаркарска репрезентација која треба да настапи на претстојниот ЕвроБаскет и тоа поради бојата на нивната кожа.

Тројцата браќа на НБА ѕвездата Јанис Адетокунбо, Александрос, Константинос и Атанасиос, ѝ се приклучија на репрезентацијата на Грција за настапот на ЕвроБаскетот кој од 1 до 18 септември ќе се одржи во Чешка, Грузија, Италија и Германија. Тоа разлути добар дел од грчките навивачи кои сметаат дека тоа што во репрезентацијата има четворица Нигеријци, а воедно и со црна боја на кожата, ја прави нивната репрезентација помалку грчка, без разлика на тоа што сите четворица се родени и израснати во Грција.

Јанис, Алекс, Костас и Танасис се родени во Атина од родители имигранти од Нигерија. Нивниот татко е етнички Јорума, додека нивната мајка е од народот Игбо.

Под хаштагот #not_my_national_team на Twitter грчките навивачи се поделија на критичари на новаците во репрезентацијата и поддржувачи кои сметаат дека Грк може да биде секој што се чувствува како таков, без разлика на тоа дали во неговите вени тече грчка крв.

„Убава слика, но каде се Грците“, твитна еден навивач на Олимпиакос.

URL

Има и такви кои бомбардираат со расистички коментари.

URL
URL
URL
URL
URL
URL

„Во Грција веќе со денови тренд е #not_my_national_team бидејќи некои расистички ѓубриња не можат да го прифатат фактот дека 4 црни играчи (браќа на Адетокунбо) се всушност ГРЦИ и ќе играат за репрезентацијата на ЕвроБаскетот. Тоа е Балканот за вас. 'Расната чистота постои единствено во валканите умови'“, вели Гркот Петрос, кој нема ништо против играчите со црна боја на кожата во неговата репрезентација.

URL

„Моето мислење е дека ако браќата Адетокунбо велат дека се Грци, тогаш тие се Грци. Не дека израснале во Грција, не дека имаат грчки имиња или дека учеле во грчки училишта, туку дека со гордост ја носат галанолефки, ја одбраа грчката репрезентација пред други репрезентации и веруваат во нивните срца дека се Хелени“, напиша друг.

URL

Twitter војната барајќи ги чистите грчки корења дојде и до античките Македонци. „Ако Македонците не се сметале за Грци, зошто ние денес ги сметаме? Тогаш зошто да не може и браќата Адетокунбо? Па видете што пишувал Демостен за Македонците, дека се варвари и негрци. Дури Херодот кажува дека Македонците не биле Грци“.

URL
URL

„Ако Мицос се чувствува како жена, тогаш е жена. Ако народот на Скопје се чувствуваат Македонци, тогаш се Македонци. Ако некој Нигериец се чувствува Грк, тој е поголем Грк од вас“.

URL

Грција на ЕвроБаскетот е во Групата Ц заедно со кодомаќинот Италија, Хрватска, Украина, Велика Британија и Естонија. Отвораат на втори против Хрватите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе