Грците се плашат од увезени случаи на COVID-19 од кратки посети во С. Македонија

Атина, 10 јули 2020 (МИА) – Откако Република Северна Македонија ги отвори границите, стотици грчки државјани, особено од северниот дел на Грција и преку граничниот премин Ники (Меџитлија), секојдневно ја посетуваа земјава за шопинг, прошетка и слично, но без притоа на враќање да им бидат извршени какви било тестови, нешто што, според државната телевизија „ЕРТ“, предизвикува загриженост и кај локалното население и кај локалните власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Граничните премини од грчка страна се затворени за македонски и албански државјани, но Грците слободно влегуваат и во двете соседни држави.

Со оглед на тоа дека тестирањата за COVID-19, Грција ги спроведува само на странски посетители и туристи на граничниот премин Промахонас (Кулата), а не и на грчки државјани и оние со постојан престој во земјата, кои влегуваат од другите премини, ЕРТ коментира дека секојдневно, „околу 300-400 возила поминуваат во соседната земја“ и постои опасност од „увезени случаи на коронавирусот“.

Локалното население и организации бараат да се затвори граничниот премин, бидејќи жителите од овои региони не се прилагодуваат на повикот и апелот да ги ограничат нивните патувања во соседната земја, коментира новинарката од „ЕРТ“.

Откако градоначалникот на Лерин (Флорина) им препорача на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Северна Македонија, од Сојузот на полициски службеници од истиот град, испратија писмо до министерствата за цивилна заштита и здравство, со Секретаријатот за цивилна заштита и до грчката федерација на полициски службеници, во кое ја изразуваат нивната загриженост за ситуацијата и слободниот проток на грчки државјани од и кон Северна Македонија и Албанија.

Во писмото велат дека e забранет влез на државјани на Северна Македонија „поради големиот број случаи и опасност од ширење во Грција, но без ограничувања дозволен е излез и влез на грчки државјани“.

-Па така, секојдневно, илјадници грчки граѓани од Флорина и поширокиот регион на западна и централна Македонија, одат во градовите во Северна Македонија што се во близина, на шопинг, за забава, на забар итн. и се враќаат во нашата земја без никаква здравствена контрола од единици на Националната организација за јавно здравје, продолжувајќи нормално со нивното секојдневие во локалното општество каде што живеат и работат, со што и да резултира ова, пишуваат од Сојузот на полициски службеници од Лерин во писмото и бараат заштита на полицајците кои работат на граничните премини со Северна Македонија и Албанија.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе