Грците со различни критериуми денеска гласаат на европските и локалните избори

Атина, 26 мај 2019 (МИА) - Околу 10 милиони гласачи денеска во Грција одбираат членови на Европскиот парламент, градоначалници, префекти и членови на општинските и регионалните совети, па според тоа, за гласачите ливчиња поставени се четири гласачи кутии, во две простории, јави дописничата на МИА од Атина.

Гласачите места беа отворени во 7 часот утрово и процесот, за сега, се одвива мирно. Правото на глас го остварија лидерите на сите големи грчи политичи партии, но и претседателот и премиерот на Грција, Прокопис Павлопулос и Алексис Ципрас.

Дописничката на МИА од Атина, посети основно училиште во центарот на Атина и поразговара со граѓаните кои претпладневно го остварија нивното право на глас. Велат дека имаат различни критериуми во однос на гласањето. Едни гласаат за партијата која што ја поддржуват со години, други одбираат личности, трети решаваат согласно актуелните случувања во земјата.

-Во животот се информирам за две работи: за историјата и за политиката и врз основа на тоа гласам. Нормално, сакам да се сменат некои работи во земјата, бидејќи и јас имам иднина пред мене, не само вие младите, вели повозрасен Грк за МИА.

-Најважниот критериум за мене е да го одберам најдобриот од најлшоите. Бидејќи, се извинувам, но сите се за никаде, коментира една Гркинка.

-Гласав за партијата што има цврсти и стабилни ставови. И јас сум со непроменети позиции, на мене не влијаат одредени секојдневни работи. Знам што гласам и за кој гласам и свесна сум каков резулат ви имале тие за кои што гласам, вели повозрасна Гркинка веднаш откако го оствари нејзиното право на глас.

-Одбрав личности, а не партија. На ист начин гласав и на минатите европски и локални избори, пред пет години, кусо одговара пензионерката Димитра.

Граѓаните велат дека и нивната лична економска ситуација, но и онаа на земјата не се воопшто добри, но не губат надеж и се оптимисти дека за Грција ќе дојдат посветли денови.

Право на глас на европските и локалните избори во Грција имаат 9 922 294 граѓани, 536 920 се нови гласачи, од кои 106 760 се на возраст од 17 години, кои оваа година на прв пат имаат право на глас, односно ќе гласаат и родените меѓу 1 јануари 2002 и 31 декември истата година.

Гласачките места ќе се затворат во 19 часот, а традиционално веднаш по затворањето медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21.30 и ќе се однесуваат на Европските избори.

На европските избори учествуваа 40 политички партии и коалиции, кои со свои кандидати ќе се борат место во Европскиот Парламент, во кој Грција учествува со 21 европратеник. Гласачите ќе можат да изберат најмногу четворица кандидати, а за партиите да добијат свој претставник во ЕП ќе треба да освојат минимум 3%.

На локалните избори, Грците ќе гласаат за: избор на регионални и општински власти, за избор на префект и членови на регионален совет, за избор на градоначалник и членови на градски совет и за избор на органите за управување со заедницата (советници на заедницата за заедници од над 300 жители или претседатели на заедници за заедници до 300 жители).

Доколку во првиот круг на локалните избори во општините и префектурите ниту една партија или коалиција не добие 50%+ 1 глас, тогаш на 2 јуни ќе се одржи втор круг.

На минатите евроизбори во мај 2014, вкупно седум партии имаа свои пратеници во ЕП. СИРИЗА беше победник со 26,57% и доби шест пратенички места во Европскиот парламент, зад неа беше Нова демократија со 22,72% и пет пратеници, а потоа следеа Златна зора со три, коалицијата на ПАСОК, Река и Комунистичката партија со по две пратенички места и Независни Грци со еден пратеник.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе