Грдата слика за општеството: Поглед од горе на социјалната нееднаквост

Фотографот Џони Милер сними серија фотографии со помош на дрон од птичја перспектива низ која прикажува делови од светот во кои нееднаквоста меѓу класите е најочигледна.

Овие фотографии покажуваат населби на богати и сиромашни како егзистираат едни до други.

Милер го почнал проектот „Нееднакви глетки“ во Јужна Африка каде сакал да ги документира условите за живот во лимените куќарки што ги видел во близина на аеродромот во Кејптаун кога прв пат слетал во оваа земја.

По Јужна Африка, го проширил проектот на најголемите градови низ светот – од Мумбај, Мексико Сити до Најроби.

Со помош на дрон добил подобра перспектива на разликите во условите во кои живеат луѓето во овие градови.

„Нееднаквоста честопати е скриена и тешко е да ја забележите ако ги гледате нештата од иста перспектива. Визуелните бариери, самите згради, нѐ спречуваат да го видиме неверојатниот контраст што постои во нашите градови“, вели Милер.

Тој се надева дека неговото дело ќе ги поттикне луѓето да разговараат за она што го гледаат.

„Ако овие фотографии кај вас предизвикаат непријатно чувство на страв, очај или вознемиреност што на некој начин учествувате во системот што предизвикува нееднаквост, тоа е добро. Тоа ми беше намерата.“

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе