Грдата страна на фудбалот – Зошто сите „плукаат“ по судијата?

Ова Светско првенство, судејќи по сѐ досега, веќе е класично издание – хаотично, радосно, со малку драма и потреси речиси на дневно ниво.

Меѓутоа, оваа прекрасна игра има и грда страна што се заканува да го намали сјајот на фудбалскиот празник во Русија.

Покрај познатите несовршености, како „глумење“ за слободни удари или пенали, начинот на кој играчите се однесуваат кон судиите влезе во фокус на ова првенство.

На натпреварот во нокаут рундата кога Колумбија изгуби од Англија, играчите на јужноамериканскиот тим постојано се собираа околу судијата и се препираа. Тоа за жал е редовна глетка и кога гледаме фудбал на елитно ниво: фудбалерите кои не се согласуваат со одлуката на судијата се собираат околу него, се расправаат, викаат, па дури и го допираат.

Пензионираниот австралиски судија Бен Вилијамс има видено сѐ.

Во неговата 25-годишна кариера во која има судено на Олимпијадата во Лондон во 2012 година и на Светското првенство 2014, тој вели дека видел секакови трикови и обиди за манипулација.

„И двата тима се обидуваат да те убедат преку психолошки трикови. Дали физички ќе те заплашат или со зборови... сакаат да извлечат нешто од тебе за својот тим“, објаснува тој,

„Ако не се обидуваат да ја преиначат таа одлука, те подготвуваат психолошки за да ја добијат следната.“

Овој феномен не е ограничен на фудбалери од понизок ранг кои сакаат да го надоместат нивниот недостаток на талент со груб, агресивен пристап.

Суперѕвездите како Португалецот Кристијано Роналдо, Германецот Тони Крос и Аргентинецот Лео Меси биле виновни за влегување во жестоки расправии со човекот на средина.

Поранешниот капитен на австралиската репрезентација Пол Вејд вели дека оние кои играат на највисоко ниво имаат одговорност за тоа како играта се гледа од страна, од целиот свет.

„Не смееш да го допреш судијата“, вели тој.

„Кога ќе видиме дека некој играч му се доближува на судијата, застанат лице в лице на еден сантиметар од него, ми се згрчува стомакот. Ме фаќа срам“, вели Вејд.

Ова е особено шокантно во австралискиот спортски свет, каде допирањето и вербалното префрлање на судијата може да му донесе на играчот суспензија или казна.

Меѓутоа, иако јавноста бурно реагира, тешко е веројатно дека тоа ќе разбуди загриженост кај ФИФА во догледно време.

„Сметам дека нивото на непочитување кон судиите не е најактуелна тема за ФИФА во моментов“, вели Директорот на судии на Фудбалската федерација на Австралија, Бен Вилсон.

„Во светот, фудбалските фанови и луѓето кои се разбираат од фудбал едноставно го прифаќаат тоа како нешто нормално. Сметам дека тоа не е во ред. Би сакал да им се покажува поголема почит на судиите, но ова е глобален проблем и сите земаат лош пример едни од други.“

„Ова е голем проблем и тешко ќе се смени нешто“, додава тој.

На меѓународната сцена, Вилијамс вели дека има играчи од некои земји опседнати со фудбал кои прават речиси сѐ за да добијат предност.

„Во некои земји фудбалот и религијата се сѐ, а некои би рекле и дека се една иста работа“, вели тој.

„Сакаат да извлечат од тебе (судијата) нешто што сакаат или сметаат дека го заслужуваат. Дали се во право или не, не е важно. Важен е само резултатот.“

Вејд смета дека фактот дека резултатот е крајно најважен придонесува во формирањето на вакво неконтролирано однесување на играчите. Тој сепак вели дека повлекува линија меѓу страст кон играта и играњето игри по секоја цена.

„Фудбалерите се како бизнисмени во шорцеви и копачки“, вели тој.

„Да скокаш и да предизвикаш земјотрес како мексиканските навивачи, тоа е страст. Да застанеш пред судијата и да го малтретираш, тоа не е страст.“

Во Австралиската лига има правило „тројца се веќе гужва“ за да се спречи „нафрлање во група“ врз судијата.

Ако тројца или повеќе играчи од еден тим се соберат околу судијата, се очекува тој да покаже жолт картон на еден од овие играчи. Можеби светскиот фудбал има што да научи од Австралија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе