Грег Попович го нарече Трамп „бездушна кукавица“

Тренерот на НБА тимот Сан Антонио Спарс, Грег Попович, го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „бездушна кукавица“ по лажните коментари кои Трамп ги имаше за претходните претседатели.

Доналд Трамп предизвика лавина од реакции откако кажа дека поранешните претседатели Џорџ Буш и Барак Обама не се грижеле за своите војници, и дека не им се јавувале на семејствата кога некој од нив ќе загинел.

„Постојано сум изненаден и тажен поради тоа што овој човек го зборува. Но денеска се надмина себеси, клеветејќи ги Буш и Обама дека не се јавувале на семејствата на загинатите војници. Тоа е толкава лага, што и самиот не можам да поверувам што слушам“, изјави Попович.

Грег Попович и самиот е воен ветеран, кој претходно има служено во воените сили на САД, пред да ја започне тренерската кариера. Тој се почувствува повикан да одговори на коментарите на Трамп, со изјава во стил препознатлив за него.

„Човекот во Белата Куќа е бездушна кукавица која мисли дека може да стане голем само ако ги омаловажува другите. Нашиот претседател е патолошки лажго кој постојано кажува невистини, а сега само што го достигна своето ново дно“, додаде Попович.

Попович е чест критичар на Доналд Трамп, неодамна нарекувајќи го неговото владеење „детинесто и недолично“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе