Гренланд чекор поблиску до независност: Утре важни избори

Макфакс
/ 10.03.2025 / 14:54

Жителите на Гренланд во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров во светот.

Законските прописи за тоа како може да се постигне тоа веќе постојат. Сите главни политички партии на Гренланд ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска.

Значи, патот до независноста е веќе трасиран… Членот 19 од данскиот Устав ѝ дозволува на владата да отстапи дел од својата територија под услов да добие одобрение од Парламентот.

„Генерално, се верува дека би било можно да се откаже дел од земјата или Гренланд да стане независен, без уставен амандман и промена на данскиот Устав“, вели Фредерик Ваге, универзитетски професор во Данска.

Актот за самоуправа на Гренланд од 2009 година „во основа го дефинира патоказот за независност“, рече тој.

Во член 21 од тој закон се вели дека „одлуката за независноста на Гренланд ќе ја донесе народот на Гренланд“. Тогаш данската и гренландската влада мора да се договорат за договор, се вели во извештајот.

Договорот мора да биде одобрен од парламентот на Гренланд, мора да добие поддршка на референдум и да биде склучен со согласност на данскиот парламент.

„Независноста на Гренланд подразбира дека тој ќе има суверенитет над гренландските територии“, се наведува во текстот, според хрватски Index.

Данската премиерка Мете Фредериксен повторува дека „законот за домашно правило јасно кажува дека иднината на Гренланд ќе биде дефинирана од Гренланд и неговите жители“.

Дури и американскиот претседател Доналд Трамп, обраќајќи се во Конгресот на 4 март, призна дека неверојатниот народ на Гренланд има право на самоопределување.

Тагови
реклама

Свет

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Read more

Кличко: Можеби треба да им дадеме дел од земјата на Русите, не е фер, но е за мир

Read more

Нов руски напад врз Украина – лансирани над 100 дронови

Read more

Израел изрази сочувство три дена по смртта на папата

Read more
 

Вести

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Читај повеќе

Муцунски: Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било

Читај повеќе

Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Читај повеќе

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на Aнтикорупциска која споделувала службени тајни на Viber

Читај повеќе

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Читај повеќе

Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал

Читај повеќе

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

Читај повеќе

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Читај повеќе
  • play_arrow

Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Читај повеќе