Гренланд се топи побрзо отколку што мислевме, катастрофата не може да се спречи

Најново истражување покажа дека огромните ледени брегови на Гренланд се топат многу побрзо отколку што сметаа научниците. Исто така, се истакнува дека најверојатно е премногу доцна за да се направи нешто во врска со тоа.

Овие откритија може да ја предвидат катастрофалната судбина за островите и крајбрежните подрачја, пишува CNN, потсеувајќи дека осум од десетте најголеми градови на светот се наоѓаат во близина на крајбрежје.

Мајкл Бивис, професор по геодинамика на Универзитетот на Охајо и главен автор на студијата, вели дека човештвото најверојатно е дојдено до точка од која нема враќање кога станува збор за борба против климатските промени.

„Единствено што можеме да направиме е да се прилагодиме и да го ублажиме понатамошното глобално затоплување, но во секој случај, предоцна е за да поминеме без негативни последици, бидејќи неизбежно ќе дојде до зголемување на нивото на водата во океаните“, вели тој.

Бивис додава дека мразот на Гренланд се топи во циклуси поради природните феномени и истакнува дека зголемените температури го влошиле тој тренд.

Студијата беше објавена минатиот месец во научното списание Nature и покажа дека ледените брегови на Гренланд се топат за 50% побрзо отколку пред индустриската револуција и 33% побрзо отколку во 20. век , што ќе предизвика зголемување на нивото на морињата и океаните ширум светот за околу 7 метри.

Бивис и неговиот тим откриле дека мразот на Гренланд во 2012 година се топел четири пати побрзо отколку во 2003 година и тоа главно во југозападниот дел на Гренланд.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе