Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Макфакс/Кајгана
/ 17.01.2025 / 08:24

Премиерот на Гренланд, Муци Инекунаалук Ееде, изјави дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но до одредена граница.

„Гренланѓаните не сакаат да бидат Данци. Гренланѓаните не сакаат да бидат Американци“, рече Ееде во интервју за Fox News.

Неговите изјави би можеле да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно покажа интерес да ја преземе контролата врз стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров.

Данската премиерка Мете Фредериксен го поддржа тврдењето на Ееде дека „Гренланд не е на продажба“ и ја повтори таа порака до Трамп за време на телефонскиот разговор пред два дена во средата.

Во интервјуто со Брет Бајер, Ееде го поздрави силното партнерство со ЕУ и САД и изрази отвореност за зголемени европски и американски инвестиции во рударскиот сектор на островот. Слични ставови изрази и министерката за природни ресурси на Гренланд, Наја Х. Натаниелсен, во авторски текст за The Washington Post.

Ееде рече дека Гренланѓани би избрале независност доколку имаат можност да гласаат на референдум, нагласувајќи дека одлуката им припаѓа исклучиво на народот на Гренланд.

Доколку оваа данска територија постигне независност, Ееде посочи дека Гренланд би сакал да остане дел од НАТО како членка на алијансата и да одржува силно безбедносно и одбранбено партнерство со САД и ЕУ.

Тагови
реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Свет

Макрон ѝ шепка, Мелони превртува очи

Read more

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Read more

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Макрон ѝ шепка, Мелони превртува очи

Читај повеќе

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе