Синоќа на Светското првенство во атлетика во Доха видовме неверојатна и по малку бизарна сцена.
На распоред беше штафетната трка 4x100 метри на која атлетичарките од Кина се посрамија како никогаш досега.
На последната измена, Лингвеи Конг не ѝ ја предаде на време штафетната палка на Манќи Ге, па настана хаос на патеката.
Ге оттрча десетина метри, а потоа Конг ја повика назад. Ге се врати во спротивен правец за да влезе во просторот за предавање на штафетата, но потоа двете не можеа да се договорат која мора да биде напред при предавање на штафетата.
Сите останати екипи веќе ја завршија трката, но кинеските натпреварувачки сакаа да поминат низ целната линија за да се квалификуваат за Олимписките игри.
Сепак, на крај беа дисквалификувани бидејќи иако десетина секунди се договараа, пак не ја предадоа штафетата на прописен начин во последната измена.