Грешки кои бабите и дедовците често ги прават, а не смеат

Родителите се тие кои ги дисциплинираат децата, а бабите и дедовците се тука за да ги разгалат. Колку пати досега сте ја слушнале оваа реченица? Дали е навистина така?

Без оглед на тоа што бабите и дедовците се важен дел од животот на нивните внуци, со некои работи кои упорно ги прават и повторуваат можат да го саботираат авторитетот на родителите.

1. Не ги почитуваат правилата

Поставувањето разумни граници и спроведувањето на правила е дел од секое родителство. Затоа не е ниту малку лесно ако бабите и дедовците ги игнорираат тие правила и не ги почитуваат.

На некој можеби прекршувањето на родителските правила му изгледа смешно или невино, но децата тоа може да го протолкуваат како дозволено однесување.

2. Купуваат прескапи подароци

Бабите и дедовците тешко одолеваат на внучињата да не им купат скапи подароци, па затоа е најдобро да разговараат со родителите пред да им купат нешто.

Психолозите наместо скапи подароци на бабите и дедовците им препорачуваат повеќе да учествуваат во активности и настани со внуците при што ќе уживаат заедно, а истовремено ќе градат убави спомени.

Материјалните работи доаѓаат и си одат, спомените се вечни.

3. Фаворизираат поединечни внуци

Ова е една од работите кои често се случуваат кај оние кои имаат повеќе внуци. Најчесто го разгалуваат првото внуче па така сите останати се споредуваат со него – кога проодело, кој му бил првиот збор, кога се откажале од пелени, кој има подобри оцени и така натаму.

Лошиот начин на однесување може да влијае на самодовербата на детето.

4. Им даваат премногу благо

Бабите и дедовците често велат дека уживаат во детството на своите внучиња. Не треба да се грижат за строги правила како правилна исхрана ниту мора да им забрануваат чоколади и благо.

Токму во навиките на исхраната грешат најмногу, токму со таквиот безгрижен начин на однесување го поткопуваат авторитетот на родителите и го саботираат воспитувањето на децата.

5. Ги озборуваат родителите пред децата

Без оглед на тоа дали бабите и дедовците се сложуваат со родителите, треба да ги почитуваат и никогаш не смеат ни да помислат да ги озборуваат пред децата.

На тој начин своите внуци ги учат да не ги почитуваат родителите, а тоа не е нешто што би го посакале на сопствените деца.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Живот

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

7 планети се во Овен на 16 и 17 април: Што значи тоа за сите хороскопски знаци?

Read more

Колку често и како да се чисти аспираторот?

Read more

Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини

Read more
 

Магазин

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Читај повеќе

7 планети се во Овен на 16 и 17 април: Што значи тоа за сите хороскопски знаци?

Читај повеќе

Колку често и како да се чисти аспираторот?

Читај повеќе

Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело кога вежбате на празен стомак?

Читај повеќе
  • filter

Откриена точната локација на домот на Шекспир во Лондон

Читај повеќе

Здравствени симптоми кои жените никогаш не треба да ги игнорираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Мисиркино или пилешко: Кое месо е похранливо?

Читај повеќе