Грешки што можеле да ја сменат историјата

Понекогаш дури и навидум најмалите грешки може да го сменат текот на историјата. Од погрешни избори до неверојатни откритија и пресвртни моменти во војни, ова се најголемите грешки што можеле да ја сменат историјата.

Роденден на Денот Д

Којзнае како ќе завршела Втората светска војна ако не беше Денот Д на 6 јуни, 1944 година. Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го испратил Ервин Ромел, генерал во кој имал огромна доверба, да го брани крајбрежјето на Нормандија, во северна Франција.

Ромел, познат како „Пустинска Лисица“, потполно погрешно ја проценил ситуацијата кога помислил дека лошите временски услови ќе го спречат или барем одложат нападот на Алијансата. Затоа си дозволил да направи пауза за да го прослави роденденот на сопругата. Токму на нејзиниот роденден, 6 јуни, силите на Алијансата ги фатиле германските војници неподготвени и ги освоиле сите пет плажи во Нормандија. Се проценува дека околу 9.000 германски војници загинале тој ден, а преживеаните биле убедени дека ситуацијата ќе заземела сосема поинаков правец ако Ромел бил таму да ги предводи неговите војници.

Изгубени во преводот

Кога сме кај Втората светска војна, мора да го спомнеме најтрагичниот настан во историјата на човештвото, фрлањето на атомската бомба на Хирошима. Оваа трагедија можело да биде спречена, само ако силите на Алијансата имале подобар преведувач.

Алијансата побарала од Јапонија безусловно да се предаде по Потсдамската декларација, па тогашниот премиер на Јапонија Кентаро Сузуки испратил писмо како одговор на ултиматумот. Во писмото го употребил зборот „mokusatsu“ што е хомоним. Сузуки сакал да каже дека „ќе размисли за барањето“, но преведувачот поинаку го протолкувал зборот и пренел дека Сузуки „го игнорира нивното барање“. Сите знаеме кој беше резултатот: 10 дена подоцна, САД ја фрли првата атомска бомба на Хирошима.

Продажбата на Алјаска

Бескорисна тундра. Токму така Русите ја нарекле Алјаска и решиле да им ја продадат на Американците за само 7,2 милиони долари во 1867 година. Неколку децении подоцна Русите зажалиле за ваквата одлука: во 80-тите години на 19. век почнало огромно ископување на злато во овие предели и за кратко време Алјаска станала еден од најголемите производители на злато, веднаш зад Невада. Со оглед на тоа дека уште се експлоатира златна руда од Алјаска, може само да се претпостави дека на Русите уште не им е сеедно за „брзите пари“ што ги заработиле тогаш.

Откривањето на пеницилинот

Ова е единствената грешка на оваа листа од која произлегло нешто добро. Пресвртното откритие на Алексадар Флеминг до ден-денес се смета за едно од најважните во човековата историја. Дали сте знаеле дека го открил пеницилинот само поради тоа што во неговата валкана работна средина забележал габа што убива бактерии на неговиот лабораториски сад? Па така, лошите хигенски навики на работното место довеле до откривање на првиот антибиотик во светот.

Падот на Берлинскиот ѕид

Оваа грешка се случила на прес-конференција на политичар од Источна Германија. Целта на средбата со новинарите била да ги информира за олеснувањето на органичувањата за патување меѓу Источна и Западна Германија, но бидејќи не го прочитал говорот внимателно, рекол дека забраната за патување е целосно укината. Оваа мала грешка доведе до рушење на злогласениот Берлински ѕид.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе