Живот

Грешки во говор на телото со кои испраќате погрешна порака

22. јануари 2020 - 12:49 | М.С.

Често не сме свесни што правиме со рацете и нозете додека разговараме со некого и каков лош впечаток оставаме со тоа. 

Говорот на телото може да открие многу повеќе отколку што мислите, затоа е многу важно да престанете да ги правите овие грешки поради кои оставате лош впечаток.

Подгрбавеност

Положбата на телото е важна затоа што открива дали и колку самодоверба имате. Доколку се подгрбавите изгледате несигурно во себе, а не сакате да оставите таков впечаток.

Прекрстени нозе или раце

Многу луѓе несвесно ги прекрстуваат рацете или нозете кога ќе седнат, но доколку го направите тоа додека разговате со некого, изгледате како незаинтересирана личност. Со тоа испраќате порака дека не сте заинтересирани за разговор.

Пукање на прстите

Без оглед дали тоа ви е навика или секогаш ги пукате прстите во стресните ситуации, обидете се да престанете. Со оваа навика, исто како и со играње со прамен од косата или тропкање со нозете, изгледате како да ви е здодевно и би сакале да бидете на друго место.

Грицкање нокти

Многу лоша навика со која на другите им покажувате дека сте нервозни. 

Недостаток на контакт со очи

Избегнување на контакт со очи е знак за помала самодоверба, а може да се случи и да оставите впечаток дека човекот со кого разговарате не ви се допаѓа.

Доколку често го тоа правите ова, нема да ве сметаат за личност од доверба.

Не се насмевнувате

Многумина забораваат да се насмевнат додека разговараат со некого, но тоа е одличен начин да покажете самодоверба и отвореност. Луѓето ќе се чувствуваат подобро во ваше друштво.

Вкочанетост

Со изразот на лицето покажете малку ентузијазам и заинтересираност, а не е лошо доколку дискретно ги имитирате движењата на личноста со која разговарате.

Потребно е да го вежбате говорот на телото за да имате многу подобра комуникација и да оставите подобар впечаток пред другите луѓе.

Коментирај