Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Грешките во одбраната му донесоа пораз на Челси

7. декември 2019 - 16:31 | МИА/КАЈГАНА

Тимот на Евертон забележа многу важна победа, победувајќи го Челси со 3:1.

„Карамелите“ го одиграа својот прв натпревар по отказот на Марко Силва. Привремениот тренер Данкан Фергусон направи две измени во составот на Евертон, откако Јери Мина седна на клупата, Евертон се врати во шемата со 4 дефанзивци, а Том Дејвис му го отстапи местото на Морган Шнедерлан.

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, се обложи на истите 11 со кои ги победи Астон Вила во средата.

Победа за Евертон значи дека екипата ја напушта зоната за испаѓање.

„Карамелите“ се искачија на 14-тото место со 17 бода.

Челси го забележа својот трет пораз на последните 4 натпревари. Лондонскиот тим е на 4-то место со 29 бода.

Најдобрите моменти од натпреварот погледнете ги Тука.

Коментирај