Грета повторно номинирана за Нобелова награда за мир

Двајца шведски политичари ја номинираа активистката Грета Тунберг за Нобелова награда за мир за 2020 година.

Ова е втора номинација за оваа награда за шведската тинејџерка која се бори против климатските промени и активно работи на кревање на свесноста за последиците од загадувањето.

Јенс Холм и Хакан Свенелинг, членови на Левичарската партија, денеска соопштија дека ја номинирале Тунберг поради „нејзините напори да ги натера политичарите да ги отворат очите и да не бидат слепи за климатската криза“, како и за нејзините напори „за намалување на емисиите на штетни гасови согласно Парискиот климатски договор“ кои тие ги сметаат за „дела кои придонесуваат за мирот“.

17-годишната Тунберг ги мобилизираше средношколците ширум светот да ја напуштат наставата и да излезат на протестите Fridays for Future на кои се повикува на преземање итни мерки против климатските промени. Овие протести станаа глобално движење во кое се вклучија милиони млади луѓе.

Кој било парламентарец може да номинира некого за Нобелова награда за мир, а лани Тунберг ја номинираа тројца членови на норвешкиот Парламент.

Во 2019 година Тунберг ја доби Алтернативната Нобелова награда и беше прогласена за Личност на годината од списанието Time.

Поднесувањето на номинации за годинашните Нобелови награди заврши на 1 февруари.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more

Шведска денеска гласа за намалување на старосната граница за промена на полот

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе