Свет

Грета со друштвото држи лекции на Давос 2020

21. јануари 2020 - 8:56 | А.С.

Од справување со климатската криза до борба против дискриминација, младите луѓе ширум светот ја земаат својата иднина во свои раце.

Иднината на планетата е нивната иднина, па затоа станува сѐ поважно да добијат платформа да се изразат.

Грета Тунберг не е единствената тинејџерка која годинава се обраќа на форумот Давос 2020.

Од досегашните изјави на панел-дискусијата во Давос, тинејџерите се обединети во ставот дека нивниот глас треба да биде слушнат и дека иднината е можна само ако има соработка меѓу генерациите.

Коментирај