Фудбал

Гризман го продал Лаказет во Хадерсфилд

15. август 2019 - 15:07 | Ф.З.

Француската ѕвезда го води Арсенал на Football Manager каде другарот и соиграч од репрезентацијата го продал во Хадерсфилд.

Антоан Гризман сака да победува и да освојува трофеи. Затоа летово од мадридски Атлетико се префрли во ривалот Барселона. Кога станува збор за победување за него нема клупска верност, но очигледно ниту пак другарство.

Голгетерот ужива да биде менаџер на популарната игра Football Manager каде моментално игра со Арсенал. Се пофали со слика од првите единаесет со кои игра и меѓу кои се забележуваат Робертсон, Варан, Де Лихт, Де Јонг, Бруну Фернандеш, Санчо и Жуау Феликс. Но, неговиот другар Александр Лаказет примети нешто необично, него повеќе го нема меѓу „топџиите“.

„А каде сум јас?“ коментираше Лаказет на што Гризман одговори: „Во 2021 освоивме сѐ па во 2023 те продадов во Хадерсфилд за 23 и пол милиони“.

Коментирај