Гризман се предомисли, Јунајтед сепак е опција

Французинот јавно проговори и сега се упатува на еден клуб.

Сосема сигурно е дека Антоан Гризман на крајот од сезоната ќе го напушти Атлетико, а тој во својата автобиографија напиша дека нема ништо против Англија и дека се гледа себеси во дресот на Манчестер Јунајтед.

Сакаше во Барселона, но нема гаранција, имено иако Каталонците го посакуваат, Гризман не може да смета дека ќе биде стандарден, токму поради Луис Суарез.

Дембеле е играч на кој Валверде сериозно смета, а тренерот на Барселона има некои потполно други идеи кога се засилувањата во прашање, тој гледа кон одбраната, а нема да се откаже ниту од Алкасер кој го гледа како џокер од клупата.

Реал и ПСЖ исто така го сакаат Гризман, како и ПСЖ, меѓутоа тој не сака да ги издаде навивачите на Атлетико, а веќе кажа дека не сака во Франција.

„Во јуни го продолжив договорот, иако ми недостасуваат титули среќен сум во Атлетико. Сепак, свесен сум дека ќе си заминам еден ден. Се уште не сум донел одлука, зависи од многу фактори. Немам ништо против тоа да заминам во Англија, освен лошото време. Манчестер Јунајтед е секогаш опција. Шансите за Олд Трафорд? Би дал шест од 10“, вели Гризман.

Гризман постигна само три погодоци, што е шест помалку во однос на минатата година во овој дел од сезоната.

Тој ја игра својата четврта сезона во Атлетико од трансферот од Реал Сосидеад, освои само еден Суперкуп на Шпанија и беше дел од тимот кој загуби во финалето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид минатата година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе