Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Гризман: Сонувам за освојување на ЛШ

2. октомври 2019 - 11:51 | Ф.З.

Французинот вечерва проитив Интер го почнува второто коло од походот кон остварувањето на неговиот долгогодишен сон, триумф во Лигата на шампиони.

Антоан Гризман беше на чекор од освојување на драгоцениот трофеј во 2016 година кога во финалето во Милано неговиот Атлетико загуби на пенали од Реал Мадрид. Сега ќе се обиде да триумфира со Барса.

„Лигата на шампионите е мој сон и мојата главна цел. Но, мора да одиме чекор по чекор и прво да ги освоиме трите бода против Интер“, вели Гризман за клупската веб страница.

Вечерва од 21 чаост Барселона го пречекува Интер на „Камп Ноу“, а Гризман ќе води голема битка со Диего Годин, неговиот поранешен соиграч и пријател од Атлетико.

„Игравме еден против друг на Светското првенство. Јас како играч израснав крај него па секогаш е пријатно да го сретнам. Знам неколку трикови кога се игра против него. Годин ми е одличен пријател, пример за мене, а имаме и семејна поврзаност бидејќи е кум на мојата ќерка“, рече 28-годишниот напаѓач.

Годин пак има две загубени фаналиња. Покрај она во 2016, загуби и во 2014 кога постигна гол за 1:0 за Атлетико, но потоа Реал даде 4 голови. Тогаш Гризман беше дел од Реал Сосиедад.

Коментирај