Французинот ги негира сите шпекулации дека нема добар однос со Меси и воедно порача дека ужива да игра со него.
Антоан Гризман дојде во Барса летото 2019 година како големо засилување од Атлетико, но уште оттогаш во јавноста се шират галсини дека тој и Лео Меси не се согласуваат.
„Нашиот однос е добар, се согласуваме. Понекогаш и си праќаме пораки еден на друг, а на тренинг доста комуницираме“, вели тој за француски L'Equipe.
Даде одлична асоцијација на тоа дека и многу лош пас кон Меси не е пропаднат бидејќи Аргентинецот е толку добар што од пепел ќе направи куќа.
„На терен тој е играч со кого е многу лесно да се игра. Му даваш диња, а тој ја претвора во кавијар. Со него не го чувствуваме оној притисок дека може лошо да додадеме“.
„За време на играта работите одат само на подобро. Годинава беше малку покомплицирано бидејќи имавме доста повреди и игравме систем во кој не секој беше на својата позиција. Но, новата сезона ќе ја почнеме со засилувања и ќе бидеме подобри“, оптимист е Французинот.
Причината за неговото намуртено лице во Барселона ја објасни со сосема друга причина.
„Не бев среќен на почетокот од сезоната бидејќи не играв, не се чувствував важен. Навикнат сум да го играм секој натпревар, како и големите натпревари. Тажен сум и сега, нормално е кога ќе се загуби титулата во лигата, на пример“.
Посочи и еден пример од окромври лани кога на Ел Класико не доби шанса од првата минута. Влезе во игра дури во 81. минута, а Барса загуби со 1:3 среде „Камп Ноу“.
„Се најдов на клупата за резерви против Реал Мадрид. Многу се изнервирав кога ги видов соиграчите како се загреваат на терен, а јас седам до нив и гледам. Но, тоа е одлука на тренерот и мора да се прифати и да се направи сѐ што е можно за тој да го смени мислењето“.