„Гробница на бродови“ што стана популарна туристичка дестинација

Континент со неверојатни пустини, густи прашуми и навистина богата култура - Африка отсекогаш била извор на фасцинација за многумина.

Од древните Египќани до европските истражувачи во ерата на големи откритија, морнарите инспирирани од желбата да го откријат непознатото и да стекнат богатство пловеа по африканскиот брег, соочени со непредвидливи ветрови, опасни струи и непознати води.

Секој од ’ртовите крај кои минуваа морнарите денес носи приказни за храброст, несреќа и триумф. Еден од најпознатите и најзначајните меѓу нив е секако ’Рт на Добрата Надеж, историски важна точка што го означува преминот меѓу Атлантскиот и Индискиот Океан.

’Рт на Добрата Надеж има богата и интересна историја. Првиот Европеец што го открил бил португалскиот истражувач Бартоломео Диас, кој стигнал до ова стратешки важно место во 1488 година. Поради суровите временски услови и силните океански струи кои ја отежнувале навигацијата, Диас го нарекол ’Рт на бурите (Cabo das Tormentas).

Remote video URL

Сепак, ова име не се задржа долго. Португалскиот крал Иван II одлучи да го смени името во ’Рт на Добрата Надеж за да изрази оптимизам и верба дека овој нов пат ќе овозможи полесен и побезбеден пристап до богатствата на Далечниот Исток. Така, ’Рт на Добрата Надеж стана симбол, не само на географска пресвртница, туку и на надеж за нови можности и просперитет.

’Рт на Добрата Надеж има и застрашувачки прекар - „гробница на бродови“.

Ова драматично име настанало поради бројните бродови кои низ вековите потонале во оваа опасна област. Навигацијата околу неа беше, и останува, особено ризичен подвиг.

Силните океански струи, непредвидливите временски услови и опасните карпи ја претворија оваа рута во кошмар за многу морнари.

Природна убавина што го одзема здивот

Иако ’Рт на Добрата Надеж не е најјужната точка на Африка - таа титула му припаѓа на ’Рт на Иглите (Agulhas) - тој историски го симболизира преминот меѓу Атлантскиот и Индискиот Океан.

Освен по историското значење, ’Рт на Добрата Надеж е познат и по својата неверојатна природна убавина, но и по богатата фауна.

Сместен во националниот парк Table Mountain, овој ’рт привлекува многу посетители кои сакаат да ја истражат неговата единствена природа, историските светилници и остатоците од бродоломи, кои сведочат за турбулентното минато на областа.

Remote video URL
Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Чек дис аут

Скриена камера: Достава на пратка среде аутопсија на вонземјанин

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Рунскиот камен од Кесингтон - доказ за викиншки истражувачи во Америка пред Колумбо

Read more

Должи 28.000 долари за казни, а нема ни автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Читај повеќе

Што треба да јадете секој ден за побрз метаболизам?

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Читај повеќе

Зошто Денот на вљубените се слави на 14 февруари?

Читај повеќе

Кардиолог предупредува на тивок срцев удар: Суптилни знаци на кои треба да се внимава

Читај повеќе
  • play_arrow

Скриена камера: Достава на пратка среде аутопсија на вонземјанин

Читај повеќе

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Читај повеќе

Зошто седечкиот начин на живот е штетен по здравјето?

Читај повеќе