Гробници со мумии стари 4.500 години најдени кај пирамидите во Гиза

Археолозите кои вршат ископувања во близина на пирамидите во Гиза открија древни египетски гробници што датираат од 2500 година пред н.е. и најверојатно во нив се погребани високи државни службеници.

Во неверојатното откритие спаѓа и семејна гробница од варовник што припаѓа на Петтата династија на Египет што владеела во периодот од 25. до 24. век пред н.е., соопшти Министерството за антиквитети на Египет.

Во гробницата се најдени мумиите на две лица: Бенхуи-Ка, кој имал седум титули во тој период, вклучувајќи врховен свештеник и судија, и Ниви, познат како „шеф на големата држава“ и „продуховник“ на фараонот Хафра.

Хафра, кој ја има изградено втората од трите славни пирамиди во Гиза, се претпоставува дека владеел околу 25 години.

Археолозите најдоа разни артефакти во гробницата, вклучувајќи статуа од варовник на еден од двајцата мажи, неговата сопруга и детето.

Најдени се и дрвени ковчези што датираат од тој период, украсени со светли бои и детални декорации.

Некои од ковчезите имаат хиероглифи на капаците и се најдени во близина на остатоци од дрвени маски.

Министерството се надева дека овие нови археолошки откритија ќе бидат поттик за туризмот во Гиза што беше погодена од немирите во земјата по Арапската пролет во 2011 година и тешко закрепнува.

Долго очекуваниот Величествен египетски музеј се гради токму со оваа цел. Институцијијата што се очекува да биде отворена во средината на втората деценија на 2000-тите ќе чини 1 милијарда долари и во неа ќе бидат сместени и реставрирани дел од највредните реликвии и артефакти на Египет.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе