Гробови од 3 и 4 век најдени на трасата на експресниот пат Градско-Прилеп

Прилеп, 7 октомври 2018 (МИА) - Ексклузивни археолошки наоди на некропола од првите векови од новата ера ги забави работите на експресниот пат Градско-Прилеп, поточно кај Фаришката клисура. Отриени се три наоѓалишта, од кои две се решени, а археолозите моментално, до 20 октомври, работат на истражувањата на некрополата, на археолошкиот локалитет Гробишта, во месноста Кршла, во непосредна близина на селото Раец.

Според раководителот на проектот Миле Велчовски, надлежен за истражувањата е Националниот конзерваторски центар и во моментот интензивно се работи и се доаѓа до ексклузивни сознанија.

- Станува збор за некропола која, според првичните согледувања и според ритуалот на погребувањето, се датира од 3 до 4 век од нашата ера. Врз основа на најдената надгробна стрела која моментално се наоѓа во музејот во Кавадарци, таа е од оној типичен тиквешки тип на стели каде е прикажан гроздоберот. На оваа површина наоѓаме гробови кои се кремирани и има доста фрагменти од садова керамика и предмети кои се употребувале при самиот ритуал  на погребувањето. Во подолниот слој од 40 до 50 сантиметри има друг тип на гробни конструкции и се од типот на инхумација (вкопување на починатите). Според првите сознанија, станува збор за повеќеслојна некропола која може да биде и од постар временски период. Според првичните согледувања на горниот дел, на површината, каде ги пронајдовме вкопувањата со јама и со кремација, може да констатираме дека, за разлика од стелата која ја датираме во 3 и 4 век, овде може да станува збор за нешто поран период, од вториот век од нашата ера. По целосните археолошки истражувања и по дополнителните предмети кои, секако, на оваа некропола ќе ги пронајдеме, ќе може конкретно да кажеме од кој временски период се овие погребувања или оваа некропола. Кога ќе дојдеме до оној слој каде во профилот ги видовме оние гробови кои се од типот на инхумација, кои, најверојатно, според длабочината, се уште постари, тогаш може да имаме целосна слика за начинот на погребувањето и за најраниот можен датум за датирањето на оваа некропола, објаснува Велчовски.

При самиот пресек кој е направен при градежните работи, Велчовски прецизира дека нема податоци за гробни целини. Но затоа во уште таинствениот јужен сектор имаме структура од голема концентрација на камења за која уште е рано да се констатира, но има индиции дека може да биде некој објект на стратегиска позиција.

- Иако е рано за констатации, индиции има, зашто таму пронајдовме предмети, и тоа железно ноже, лачна железна фибула, бронзена нараквица. Затоа имаме доста можности да се сомневаме дека може да е некој објект. Но ќе се види со истражувањата. Инаку, местото се наоѓа на стратегиска позиција, има поглед кон долината, што е една индиција дека тука можеби се наоѓа некој објект, вели Велчовски.

Според законските прописи, кога станува збор за некропола, таа се истражува и сите гробни предмети кои ќе се најдат, се прибираат за просторот да се ослободи за градежните работи. Археолозите треба да дадат „зелено светло“ за продолжување на градежните работи.

-Според законските одредби, додека не се извршат археолошките истражувања и додека ние не дадеме „зелено светло“ преку извештајот што ќе го поднесеме до надлежните институции, градежните работи се стопирани. Ќе се истражува до 22 октомври, прецизира д-р Миле Велчовски, раководител на проектот.

Ѓорѓи Соколовски од надзорот на делницата Фариш - Дреново на патот Градско-Прилеп вели дека при градежните работи наишле на три археолошки ископини кои не биле претходно опфатени ниту со проектната документација, ниту со добиените документи за изведба.

- Ископините афаќаат поголем дел од трасата. Две од нив се решени и остана само едно наоѓалиште каде моментално е присутен Конзерваторскиот центар од Скопје и врши ископувања. За едно од решените археолошки наоѓалишта, археолозите дојдоа и како што се симнуваат слоевите земја при изведбата, евидентираа фрагменти. Другото наоѓалиште е на крајот на стопата од мостот. Таму се најдени неколку гроба-крематориуми од каде се собрани артефакти, парички и предмети од бронза. Сега очекуваме дека ќе ги забрзаме градежните работи, изјави Соколовски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе